Во периодот од шести до 11 мај во Струмица ќе се одржи развоен турнир на кој покрај Македонија ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора.
Натпреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот Горан Пандев и во Турново. Во првото коло кое е на програмата на шести овој месец се среќаваат репрезентациите на Македонија – Сан Марино (Стадион Пандев) почетокот е закажан за 12 часот додека од 15 и 30 стартува дуелот Косово – Андора (Стадион Кукуш – Турново)
В петок на осми мај во Струмица од 15:30 часот почнува натпреварот Македонија – Андора додека од 12:00 во Турново се среќаваат Косово – Андора. Во последната рунда која е на програмата на 11 мај, Македонија во Турново е домаќин на Косово и овој меч се игра во Турново со почеток од 13:00 часот додека во Струмица од 10:00 часот играат Сан Марино и Андора.
Репрезентацијата до 16 години ја предводи селекторката Катерина Милеска која за овој турнир ги повика следниве фудбалерки:
- Ања Стојмиловска Голманка ЖФК Кочани
- Mагдалена Иломаноска Голман ЖФК Топ Гол
- Нина Манасиева Одбрана ЖФК Кочани
- Лина Мицовска Одбрана ЖФК Кочани
- Арианеса Арсланоска Одбрана ЖФК Ускана
- Aнабела Блажеска Одбрана ЖФК Ас Јунајтед
- Eмилија Ивковиќ Одбрана ЖФК Скопје
- Ангелина Јованоска Одбрана ЖФК Љуботен
- Мила Коњановска Одбрана ЖФК Топ Гол
- Тамара Атанасовска Средина ЖФК Скопје
- Ања Каранфиловска Средина ЖФК Истатов
- Марија Велиновска Средина ЖФК Кочани
- Душица Лазареска Средина ЖФК Цевитана
- Геновева Калајџиеска Средина ЖФК Ас Јунајтед
- Елена Наумоска Напад ЖФК Скопје
- Јана Милошевска Напад ЖФК Скопје
- Дорунтина Сејдини Голман ЖФК Ускана
- Ана Марија Велевачкоска Напад ЖФК Цевитана
- Софија Велинова Напад ЖФК Фудбал старс
- Христина Јорданова Напад ЖФК Скопје










