Пелистер веќе покажа дека знае да победува во „тврдината“ на МЗТ Скопје

40

МЗТ Скопје и Пелистер вечерва (19.часот), во СЦ „Јане Сандански“ ја стартуваат полуфинална серија во плеј-офот. Актуелниот бранител сезонава покажа низа слабости, па за првпат после долго време не стартува од првата позиција на табелата во оваа фаза од натпреварувањето.

Овие два тима се сретнаа пред неполни десет дена, а победата токму од СЦ „Јане Сандански“ ја однесоа битолчани, што пак е најава за интересма пресметка.

„Зелено-белите“ делуваат максимално подготвено за претстојните предизвици, а центарот Ленгстон Вилсон е свесен дека плејофот сам по себе носи обврска за уште повисоко кревање на нивото на игра.

„Среќни сме од серијата добри игри и резултати во последно време. Мислам дека го променивме интензитетот во одбраната, играме агресивно и исто така си веруваме едни на други, што дава резултат на теренот.  МЗТ е силен тим со квалитетен ростер, но верувам дека дефанзивно можеме да одиграме квалитетно тимски, а во нападот да го ограничиме бројот на загубени топки. Ова е плејоф кошарка, влогот е огромен, мотивацијата на највисоко ниво. Јас верувам во Пелистер, дека можеме да стигнеме до посакуваната победа ако одиграме онака како што знаеме“, вели Вилсон во пресрет на денешниот меч.

ПретходноСимеоне: Немам сила да продолжам
СледноМакедонија домаќин на УЕФА развоен турнир за фудбалерки до 16 години