„АДАСТРА“ МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финалниот турнир во М14 лигата-жени ќе го организира ЖКК „МВП Скопје“

36

Женскиот кошаркарски клуб „МВП Скопје“ ќе биде организатор на завршниот турнир во М14 лигата. откако се пријави и се стекна со правoтo да биде домаќин на финалниоt део од ова натпреварување.

Во исто време, утврден е и распоредот на натпреварите кои ќе бидат реализирани во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат: МВП Скопје и Струга 2009, односно Петровски и Бадел 1862, ќе се играат на 9. мај (сабота).

Наредниот ден, 10. мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од „Адастра“ младинските лиги.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М14 ЛИГА-ЖЕНИ

ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ

9.МАЈ (САБОТА)

17.00: МВП Скопје – Струга 2009

19.30: Петровски – Бадел 1862

10.МАЈ (НЕДЕЛА)

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

12.00: Поразен 1 – Поразен 2

ФИНАЛЕ

14.30: Победник 1 – Победник 2

*Сите натпревари ќе се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје

ПретходноКуп на Македонија – полувреме: Додев од пенал за водство на Силекс, без голови во Куманово!
СледноОдреден терминот за одигрување на финалето во Купот на Македонија во женска конкуренција