Куп на Македонија: Второлигашите елиминирани, Шкендија и Силекс си закажаа финале! (ВИДЕО)

90
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Шкендија и Силекс на 20 мај на Арената “Тодор Проески“ во Скопје ќе ги одмерат силите за пехарот во Купот на Македонија. Ова е епилогот по попладневните реванш мечеви откако Шкендија како гостин во Куманово славеше против Шкендија Арачиново со 0:2, па така се севкупни 2:5 се најде во своето шесто финале и ќе атакува по третиот трофеј.


Силекс дома, пред своите фанови успеа да го победи Охрид со 1:0 и со вкупни 2:1 се избори за своето шесто финале во кое ќе игра по својот четврти пехар.

Очекувано, фаворитите се пласираа во финалето, а второлигашите се елиминирани.

Шкендија во Куманово во еден тврд меч успеа да слави со головите на Спахиу во 86. и Ндзенгуе во 88.минута за конечни 0:2. Во самиот финиш Вебстер доби црвен картон.

Во Кратово домашниот Силекс успеа да го победи Охрид со 1:0, со голот на Додев во 34.минута, иако според шансите победата требаше да биде изразена со најмалку 3-4 голови разлика. Алиќ не реализира пенал, а потоа не погоди од уште две зицер позиции. Имаше Силекс и други шанси, а Охрид за малку не ги казни избраниците на Александар Васоски во 68.минута кога Димитриески шутираше а голманот Џеков одбрани, сепак мора да се каже дека кратовци апсолутно заслужија пласман во големоо финале.

ПретходноОдреден терминот за одигрување на финалето во Купот на Македонија во женска конкуренција
СледноУспешно реализирани вторите мини Олимписки игри 2026 во Кавадарци