Фантастична партија на Нено Димитријевиќ и нова победа на кошаркарите на Баерн во германското првенство. Вечерва на гостувањето против Лудвигсбург, Баерн славеше како гостин со 78:86, а нашиот репрезентативец имаше одлична вечер со 19 постигнати поени.
Димитријевиќ заврши како најдобар стрелец на натпреварот, а освен 19 поени зад своето име запиша и 4 скока и дури 8 асистенции.










