Потврдена одлуката за суспензија на Начевски и Николов!

158

И дефинитивно македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, се суспендирани на две години.Оваа одлука ја донесе Ракометниот суд на ЕХФ пред неколку дена, за да денеска истата е потврдена и од страна на Апелациониот суд на ЕХФ.

Оваа вест денеска ја лиферуваше и официјално ЕХФ:

Апелациониот суд на ЕХФ ја потврди одлуката на Ракометниот суд во случајот против македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Пред машкото ЕХФ ЕВРО 2026, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Македонија поради наводна манипулација со прикачените видео снимки од таканаречениот „Повеќестепен тест за кондиција“.
Врз основа на експертската анализа на партнерот за интегритет на ЕХФ, Спортрадар, Ракометниот суд на ЕХФ заклучи дека спорните видеа биле манипулирани и ги изрече следните санкции, кои сега се потврдени од Апелациониот суд на ЕХФ.
Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување.
Секој судија мора да плати казна од 5.000 евра за фундаментални прекршувања на Кодексот на однесување на ЕХФ.
Може да се поднесе жалба до Европскиот арбитражен суд за ракомет (ECA) во рок од 21 ден“
велат од ЕХФ.

ПретходноСамо поради Луис Енрике: Еве зошто ПСЖ е најдобриот тим во Европа!
СледноСашо Даневски назначен за главен фитнес тренер на елитните судии на УЕФА