Во меч од 8.коло во плеј -аутот во ракометната Суперлига, ракометарите на Пролет како домаќини го победија составот на Радовиш со 37:29.
Ова беше очекуван триумф на домашниот состав кој пред натпреварот важеше за голем фаворит против убедливо најслабата екипа во Суперлигата.
Сепак треба да се каже дека гостите од Радовиш одиграа одлично во првиот дел па така на пауза се замина со резултатски егал од 16:16.
Во второто полувреме ракометарите на Пролет заиграа далеку подобро како во одбраната, така и во нападот па на крај славеа заслужена победа.
Андреј Стојановски со осум голови беше најефикасен кај победничкиот состав и воопшто на натпреварот, додека кај поразениот состав на Радовиш петтмина ракометари постигнаа по четири голови.










