Најдоски и Панчев се простија од некогашниот функционер на Црвена Звезда: Цветковиќ заслужи да му се оддаде почит

53

Фудбалскиот клуб, а и воопшто спортското друштво Црвена Звезда, како и целокупната спортска јавност во Србија е во жалост поради смртта на Владимир Цветковиќ долгогодишниот функционер на клубот од „Рајко Митиќ.

Големите имиња на овој клуб со ред се простуваат од големото звездино име, меѓу кои и носителите на европската и светска титула од 1991 година, Илија Најдоски и Дарко Панчев.

Македонските фудбалски легенди беа дел од генерацијата која што го приреди најголемиот успех во историјата на овој клуб, а и воопшто на екс југословенскиот, а подоцна и српскиот фудбал.

Па така, и обајцата преку социјалните мрежи на клубот испратија емотивна порака, и изразија сочувство кон пријателите и семејството на Цветковиќ.

„Цвеле беше господин, и еден од творците на големата Звезда“ – напиша Панчев, додека пак Најдоски додаде, „Цветковиќ заслужи сите звездаши да му оддадат почит“ 

ПретходноСпектакл во Скопје: Плазма Спортиските Игри и официјално се отворени (ФОТО)
СледноЈовчевски: Кога тимскиот дух е на највисоко ниво, резултатите и игрите доаѓаат сами по себе