Реал Мадрид се соочува со сериозен предизвик, откако во јавноста продре огромниот скандал за тепачките кои што се случија на тренинзите два дена напоредно, и во која што учевствуваа Федерико Валверде, и Аурелиан Чуамени. Да биде трагедијата уште поголема Валверде заврши во болница и бепе потребна интервенција.
Откако и обајцата биле повикани на сериозен разговор, и обајцата веднаш ја искажале својата жал и се покајале за нивните постапки. Од клубот во официјалното сооопштение додаваат дека клупските водечки луѓе интересно инсистирале на решавање на ситуацијата што и се случи.
И Валверде и Чуамени, потоа јавно пред целиот стручен штаб и соиграчи се извиниле за постапките со што и тој дел од приказната е завршен.
Конечно, Реал Мадрид како клуб одлучи обајцата да ги казни со огромна глоба од 500.000 евра поединечно со што целата ситуација е приведена до крај.
Скандалот сериозно го разниша и онака нестабилниот тим во моментов, а што ќе се случува понатаму, и дали на некоја од големите звезди на клубот деновите на Сантијаго Бернабе и се одбројани останува да видиме до лето.










