ФИФА му изрече забрана за регистрација на фудбалери на Тиквеш

212

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека, согласно одлука на ФИФА, на ГФК Тиквеш Кавадарци му е изречена забрана за регистрација на нови фудбалери на меѓународно и национално ниво поради неисполнување на финансиските обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ.

Според официјалното известување од ФИФА, забраната ќе остане во сила сè до целосно подмирување на обврските, а најдолго до три последователни регистрациски периоди. Воедно, ФИФА побара од Фудбалската федерација на Македонија веднаш да ја имплементира одлуката и на национално ниво. Фудбалската федерација на Македонија ќе постапи согласно правилата и одлуките на ФИФА.

ПретходноЈовчевски: Кога тимскиот дух е на највисоко ниво, резултатите и игрите доаѓаат сами по себе
СледноЦентарот за Едукација на тренери ja комплетираше обуката и полагањето на 11. генерација тренери носители на УЕФА Ц лиценца