Аломеровиќ уште две години плус во Ута Арад

56

Некогашниот македонски младински репрезентативец, а потенцијален сениорски, Дин Аломеровиќ потпиша нов договор со тимот на Ута Арад. Левиот бек одлично се снајде во романскиот тим, каде што се презадоволни од него, и каде што не дозволија формата која што ја има Аломеровиќ во моментов да го одведе на друга дестинација.

Менаџментот на тимот поита со Аломеровиќ да потпише, нова двегодишна соработка, и да го „врзе“ нашиот интернационалец на подолг период.

Аломеровиќ со задоволство ја објави новата соработка со Ута Арад во соработка со менаџерот Денис Омерагиќ.

Претходно„Шампањското“ се лади, Вардар на чекор до нова титула (ВИДЕО)
СледноАлкалоид според планот – со цел плен од Кавадарци