Некогашниот македонски младински репрезентативец, а потенцијален сениорски, Дин Аломеровиќ потпиша нов договор со тимот на Ута Арад. Левиот бек одлично се снајде во романскиот тим, каде што се презадоволни од него, и каде што не дозволија формата која што ја има Аломеровиќ во моментов да го одведе на друга дестинација.
Менаџментот на тимот поита со Аломеровиќ да потпише, нова двегодишна соработка, и да го „врзе“ нашиот интернационалец на подолг период.
Аломеровиќ со задоволство ја објави новата соработка со Ута Арад во соработка со менаџерот Денис Омерагиќ.











