Реми на Арсими и Башкими

74

Арсими и Башкими одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 31. коло од фудбалскиот шампионат. На стадионот во Гостивар, домашниот тим беше подобар противник во првото полувреме и поведе со 1:0, додека Башкими во вториот дел беше поактивен и успеа да израмни.

Првиот гол беше постигнат во 6. минута по една топка упатена кон Рамадани, кој успеа да го мине противничкиот фудбалер и да избегне офсајд позиција, по што со силен удар ја затресе мрежата на Јашар, на радост на домашните навивачи. Иако помошниот судија првично го поништи погодокот, но по реакцијата од ВАР собата и извршената проверка, голот беше признат како регуларен.

Во 18. минута, по една долга топка кон Сикиру, Шпанецот Гони шутираше со глава, но голманот Јашар успешно интервенираше. Во финишот од првото полувреме, Рамадани имаше уште една добра можност, но не успеа да реализира. На стартот од второто полувреме, Башкими доби пенал, но ударот на Никел Ор заврши во пречката. Во 58. минута, Алексовски се најде во идеална позиција за погодок, но Силјановски одлично реагираше. Во 70. минута, по корнерот што го изведе Фусник Зука, Орр беше највисок во скокот пред голманот Силјановски и со удар со глава израмни на 1:1.

До крајот на натпреварот следуваа уште неколку шанси на двете страни, но резултатот остана непроменет.

На две кола до крајот на првенството, двете екипи во моментов се наоѓаат надвор од зоната за бараж и се уште имаат реални шанси да го обезбедат прволигашкиот статус без дополнителни натпревари и за следната сезона. Во претпоследното коло, Арсими ќе гостува кај Силекс во Кратово, додека Башкими ќе биде домаќин на Македонија Ѓ. П.

ПретходноВМФЛ: Брегалница дојде до златен бод на дербито со Шкендија (А)!
СледноПобеда и „празна мрежа“: Столе ја чува Валенсија во Ла Лига