Конечните 1:4 на дуелот помеѓу Македонија ЃП и Тиквеш денеска одигран во Ѓорче Петров во рамките од 31. коло од ПМФЛ шампионатот значат само едно. Дека некогашниот државен шампион и освојувач на Купот, тимот на Македонија ЃП и официјално следната сезона ќе игра во второлигашката конкуренција.
Немаше спас за „Лавовите“ денеска кои што губеа уште на полувреме со 0:2, за да по половина час вече имаат и три гола негатива.
Окере и Сила погодија во првиот дел и уште тогаш се виде на каде одат нештата на овој дуел.

Следуваше и трет гол во домашната мрежа, па и четврти во 81. минута, а стрелци беа повторно Сила односно Лусиано. Домаќинот само го оконча својот прволигашки статус сезонава со почесен гол во 85. минута од мечот.
Со ова и дефинитивно се става точка на прволигашкиот статус на еден од најтрофејните македонски клубови, кој што повторно своето „место под сонцето“ ќе мора да го бара преку ВФМЛ конкуренцијата.
















