Мурињо демантира дека преговара со Реал: Се се тоа само шпекулации

71
фото: SL Benfica (X)

Додека во Реал (М) владее вистинска бура по катастрофалната сезона, се проширија гласини дека претседателот на клубот Флорентино Перез преговара со некогашниот тренер на „белите“, Жозе Мурињо. Сепак, португалскиот стратег категорично ги демантираше ваквите озборувања.

„Не сум имал никаков контакт, ниту со претседателот, ниту со некоја од клучните фигури во Реал, и по моја сопствена одлука, исто како што сум правел во слични ситуации во текот на мојата кариера, особено сега, во последната фаза од сезоната, не сум разговарал со никого. Немав никаков контакт со Реал Мадрид, никаков, и нема да имам никаков барем до последниот првенствен натпревар против Есторил. После тоа, има период од една недела во кој ќе бидам слободен да разговарам со кого и да сметам за потребен, но сите приказни што циркулираат, барања, состаноци, се само шпекулации“, изјави „Специјалниот“.

ПретходноСи беше еднаш еден Работнички…
СледноЅвездите на Реал во прегратка со Флик после „Ел Класико“