Кога ќе се победи во дербито со 3:1, кога твојот тим, иако ослабен со неиграњето на 3-4 клучни играчи, ќе ја надигра Струга ТЛ, тогаш јасно е дека нема дилеми кој е тренер на ова 31.коло. Па така според „СпортСпорт“ тоа е Јетон Беќири, тренерот на Шкендија.
За разлика од последните неколку меча кога сеуште актуелниот на ангро “раздаваше“ бодови на свој терен, овојпат одигра навистина добро. Тетовци знаеја што сакаат, знаеја како да ги сопрат стружани и затоа беа подобар ривал кој на крајот славеше со 3:1.
Колку за потсетување, Јетон Беќири е некогашен стратег на Струга ТЛ кој пред седум години ја внесе во елитната лига на Македонија.
Дури по овој меч сите во Шкендија а посебно Беќири можат да жалат за тие порази дома во последните неколку кола,по кои веројатно титулата ќе се пресели во Скопје.















