ТИМ И ИГРАЧ НА 31.КОЛО: Величковски удри против “својот“ Работнички

63

Уште ако го реализираше пеналот, тогаш тоа ќе беше идеално. Вака иако нема хет – трик, сепак Никола Величковски, младиот напаѓач на Брера е играч на 31.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Интересно токму тој и официјално го“испрати“ својот некогашен клуб во Втора Лига, мислиме на Работнички. Вчера Величковски блескаше, постигна два гола, и покажа и докажа дека во себе има и тоа како квалитет за поголеми дела.

Покрај него во тимот на 31.коло се и Гаје, Трумчи, Мелиќи, Красниќи од Шкендија која во дербито под Шара успеа да ја победи Струга ТЛ и со тоа и дефинитивно да го одбрани второто место, но и да ги задржи шансите за титулата. Тука се и Најдовски, Сила и Окере (Тиквеш), Закариќ и Цветковиќ (Вардар), Ф. Петровиќ (Пелистер) кој постигна хет-трик против Шкупи.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

НИКОЛА ВЕЛИЧКОВСКИ

Тим: Брера

Роден: 13.09.2005 во Скопје

Кариера: Вардар, Работнички, Македонија ЃП, Септември, Брера

ПретходноОдредени термините за финалето: Охрид ја пречекува Татабања на 31 мај
СледноКМФ Проект ја освои двојната круна во футсал сезоната