Македонската ракометна репрезентација се подготвува за бараж мечот против Словачка за плсман на Светското првенство 2027 година. Првиот натпревар се игра на 14 во Прешов, додека реваншот е три дена подоцна во СЦ „Борис Трајковски“.
Словачка е противник по мерка, но тоа не значи дека треба да се потцени. Нашите момци имаат една лекција против Фарски Острови кога по потежок пат дојдоа до Мундијалот.
„Нашата цел е да го продолжиме континуитетот на големите натпреварувања. Пред сè сакам да кажам дека треба да бидеме скромни, присебни и да се подготвиме најдобро што знаеме. Во денешно време не смее да се потцени ниту една репрезентација, сите напредуваат и играат ракомет. Мора да го сфатиме овој двомеч сериозно и да прикажеме една добра игра, бидејќи навистина и ние напредуваме и мислам дека треба да извојуваме две победи за да се радуваме на ново СП.
Минатиот бараж со Фарски Острови беше доста драматичен по високиот гостински пораз, па ќе сакаме малку помирен реванш овојпат. Поради тоа мора да бидеме 100% подготвени, да не се потцени противникот и зошто да не си ја олесниме работата. Мора да сме на нивото на кое сме досега и да ја продолжиме низата на големите натпреварувања“, изјави Ненад Костески.
Македонија утре со чартер лет патува за Прешов и после мечот се враќа во Скопје за да селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци имаат повеќе време за подготовк за вториот дуел.










