Леброн Џејмс ја продолжи неизвесноста: Ќе знаете што сум одлучил…

48
фото: Hoop Central (X)

Лејкерси беа поразени од Оклахома Сити Тандер со 115:110 и беа елиминирани од плејофот со вкупно 4:0 во серијата.

Леброн Џејмс, кој полека „чекори“ кон 42-годишна возраст, сега се соочува со прашања за неговата иднина во НБА. По натпреварот беше прашан што е следно и тој призна дека сè уште нема одговори.

„Не знам, очигледно. Сè уште сме свежи од поразот. Не знам што ми носи иднината… Ќе се вратам дома, ќе бидам со моето семејство, ќе разговарам со нив и кога ќе дојде време, ќе знаете што сум одлучил“, рече Леброн за „Клач Поинтс“.

Леброн го заврши натпреварот со 24 поени, 12 скока и три асистенции. Ова беше четврта „метла“ во плејофот во неговата кариера.

ПретходноЧаби Алонсо доаѓа во Премиер-лига