Тодоровиќ: „Покажавме дека имаме срце за големи работи!“

27
ФОТО:facebook.com/kkmadzari

И дефинитивно Маџари е хитот на сезоната во нашата кошаркарска елитна лига оваа сезона. И не само поради тоа како одигра во текот на лигашкиот дел, туку и поради пласманот прво во полуфиналето од плеј – офот во битката за титулата, а најмногу поради пласманот во големото финале.

Ретко кој се надеваше дека Маџари ќе успее да го победи фаворизиранит ТФТ со 2:0 во серијата и да избори историски пласман. Инаку во битката за титулата, Маџари ќе игра со подобриот од МЗТ Скопје и Пелистер.

За ова свој коментар има Миодраг Тодоровиќ, стратегот на Маџари:

Оваа екипа покажа нешто што не се учи-карактер. Кога беше најтешко, останавме мирни, верувавме еден во друг и покажавме дека имаме срце за големи работи.Многумина можеби не веруваа дека Маџари може да стигне до финале, но ние цела сезона тивко и напорно работевме токму за ова. Ветивме историска сезона и тоа ветување го исполнивме!Сепак, не сакам еуфорија. Финалето не се игра, финалето се освојува! Имаме уште една последна битка и ќе дадеме сè од себе да ја завршиме приказната на најубав можен начин истакна Тодоровиќ.

ПретходноБорба за живот во Ефес: Кондицискиот тренер доживеал срцев удар на тренинг, докторот брзо реагирал! (ФОТО)