Борба за живот во Ефес: Кондицискиот тренер доживеал срцев удар на тренинг, докторот брзо реагирал! (ФОТО)

24
ФОТО:x.com/AnadoluEfesSK

Кондицискиот тренер на Ефес, Серхат Гунеш, доживеал срцев удар за време на тренинг, според турските медиуми. Клубот потврди дека 40-годишниот тренер е во болница.Според информациите од медиумите, срцето на Гунеш застанало за време на тренинг. Докторот Серхан Антаљали веднаш интервенирал и практично му го спасил животот.
Набргу потоа пристигнала брза помош и го однела во болница.
Наводно, тој бил веднаш интубиран таму и како што се надеваат лекарите – ќе го разбудат во четврток наутро. По извештаите што се појавија во јавноста, Ефес се огласи со кратка изјава:
“Фитнес тренерот на нашиот тим, г-дин Серхат Гунеш, вчера почувствувал ненадеен здравствен проблем. По потребната прва помош што му ја пружил медицинскиот персонал, тој бил итно префрлен во болница.Му посакуваме на Серхат Гунеш, чие лекување продолжува во болница, што побрзо да се опорави.Потребните и официјални известувања ќе бидат доставени од нашиот клуб“.

ПретходноРадовиш повторно ќе дише во ритамот на борењето (ФОТО)