Македонската ракометна репрезентција утре (18 часот) во Прешов против Словачка го игра првиот бараж меч за пласман за Светско првенство 2027 година. Во составот на нашиот национален тим се врати Томислав Јагурновски, кој не крие дека целта е да се победи на двата меча и на тој начин да се завери плсманот на СП.
„Свесни сме за предизвикот и подготвиме пристигнуваме во Словачка. Противникот не е атрактивен, но тоа воопшто не значи дека е наивен, јасно ни е дека ќе мораме да играме максимално од почеток до крај ако сакаме да стигнеме до резултатот што го посакуваме. Сакаме две победи и пласман на СП, но тоа нема да биде нималку лесно, особено доколку ни се случи да ја потцениме Словачка. Првите натпревари знаат да бидат незгодни, но верувам дека сме доволно искусни да не дозволиме да бидеме непријатно изненадени. Го анализиравме противникот, знаеме што е потребно за да стигнеме до позитивен резултат и треба тоа да го спроведеме на терен“, истакна Томи Јагуриновски.
Реваншот е во Скопје на 17 мај во СЦ „Борис Трајковски“.










