Сан Антонио Спарс поведоа со 3-2 во серијата од второто коло од плејофот против Минесота Тимбервулвс, откако ги победија со 126-97. Херој на победата беше Виктор Вембањама, кој постигна 27 поени, 17 скока, пет асистенции и три блокади.
Џонсон постигна 21 поен, Фокс додаде 18, а Стефон Касл имаше 17. Спарс сега се на една победа од финалето на Западната конференција. За поразената Минесота, Ентони Едвардс го заврши натпреварот со 20 поени.










