Дали Пелистер може да стави крај на доминацијата на МЗТ Скопје?

27

После неверојатниот подвиг на Маџари, кој завери пласман во финалето во домашниот шампионат, откако победи во серијата против ТФТ со 2-0, денеска ќе биде познато името на вториот тим кој ќе се бори за пехарот.

МЗТ Скопје или Пелистер ќе биде вториот финалист. Резултатот е 1-1, а мечот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. Токму овие два тима играа во финалето во периодот од 2021 до периодот до 2024 година, а титулата одеше во витрините на скопскиот тим.

Битолчани имаат шанса да стигнат до финале и да стават крај на доминацијата на МЗТ Скопје, кој пет години по ред е на тронот. Пелистер одигра одличен натпревар на домашен терен, знае како да победува и на гости.

„Знаевме дека тој меч е „да се биде или не“ за нас, затоа и немавме никаков сомнеж, излеговме на терен и дадовме се од себе. Свесен бев дека ќе биде тешко, но одлично се подготвивме. Јас сум секогаш смирен, знам дека Пелистер ме донесе во јануари токму за вакви натпревари, дадов свој придонес, одиграв добар натпревар и среќен сум поради тоа.
Подготвени сме, знаеме колкав е влогот, но подготвени сме за борба. Ако одигравме 40 минути како оние во Битола, ако успееме да го наметнеме нашиот стил на игра, верувам дека ќе славиме и ќе играме финале. Го победивме еднаш МЗТ во Скопје пред нецел месец, можеме истото да го повториме и на утрешниот решавачки меч“, оптимист е Американецот во редовите на Пелистер, Бренден Џенкис. 

Останува да видиме дали оваа сезона ќе гледаме едно поинакво финале и битка за тронот.

ПретходноПлазма Спортските игри за Млади доаѓаат во Куманово!