Хаџииљоски: Се радувам што собирите и на женската репрезентација стануваат традиција

23
фото: vfmkd.org.mk

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски и селекторот Милош Гавриловиќ и неговиот стручен штаб ги пречекаа репрезентативките на собирот во хотелот „Континентал“ во Скопје.

Еден од водечките луѓе на Федерацијата изрази големо задоволство што и собирите на женскиот национален тим на годишно ниво прераснуваат во традиција, односно паралелно со мажите и дамите држат континуитет во настапите, како за континенталните квалификации, така и во Европската лига.

„Се радувам што традицијата продолжува и што се гледаме секоја година. Ви благодарам на сите што прифативте и што позитивно одговоривте на повикот на новиот селектор, со кој на големо задоволство можам да кажам дека имаме иста визија за заедно да растеме и да се развиваме и да создаваме резултати. Сакам да потенцирам дека ниту една од вас не е случајно повикана и не е случајно тука – Вие сте иднината на македонската женска одбојка. Тоа го потврдувате со настапите во вашите клубови, без разлика дали сте интернационалки или играте во домашното првенство, кое сезонава понуди голем квалитет, а тоа го потврди и фантастичната финална серија во која гледавме пет квалитетни натпревари. Секоја од вас, кои сте со подолг стаж во репрезентацијата е поискусна за една сезона и со енергијата на младите и свежината и новитетите кои ќе ги донесе новиот селектор верувам дека ќе добиеме на квалитет. Секоја од вас заслужува внимание, вие сте најдоброто што го имаме и поради тоа ќе сметаме на вас во секое време. Исто така верувам дека секоја од вас ќе си го најде местото во репрезентацијата, без разлика дали тоа ќе биде во овој циклус или во следниот. Ви посакувам успешна работа и да не радувате со добри резултати“ – истакна Ивица Хаџииљоски на собирот на женскиот национален тим на Македонија.

ОФМ како и претходните години така и оваа направи максимални напори женската репрезентација да добие идентично квалитетни услови за подготовки за настапот во Европската лига 2026 како и машката селекција.

ПретходноМурињо се враќа на клупата на Реал, но по изборите
СледноСити го „пречкрта“ и Кристал Палас и ја продолжи потерата зад Арсенал