Стојанов ќе им суди на Струга ТЛ и Вардар, Величков “главен“ под Шара!

97
ФОТО: FFM.MK

Попладнево ФФМ ги објави судиите кои утре ќе ја делат правдата на мечевите во Струга и Тетово, кои се најважни во ова 32.коло.

Па така Стојанче Стојанов е одреден за главен судија на средбата во Струга меѓу Струга ТЛ и Вардар. Меч по кој можеби ќе го добиеме и новиот шампион на Македонија. Познато е дека ако Вардар освои најмалку бод, тогаш и официјално ќе ја освои титулата.

Под Шара во Тетово играат домашната Шкендија и Брера. Овој меч ќе го суди Боби Величков. Јасно е дека тетовци прво треба да слават против струмичани и да чекаат кикс, поточно пораз на Вардар за да во последното коло со победа над Вардар сепак би ја одбраниле титулата.

Се разбира дека секој има право да се надева.

Утре се игра и уште еден меч од 32.коло и тоа во Кратово каде се среќаваат Силекс и Арсими.

Сите три меча се закажани за 16 часот.

ПретходноТиверија Брера е освојувач на Купот на Македонија во женска конкуренција