Откако попладнево по победата над Струга на гости (0:1) фудбалскиот клуб Вардар и официјално стана нов македонски шампион, ракометниот првак на Македонија од семејството Вардар, прв му ја честиташе титулата на фудбалскиот тим.
„РК Вардар со голема чест и задоволство ја честита шампионската титула во домашното првенство на нашите колеги од ФК Вардар!! Со години го чекавме моментот, повторно да бидеш прво место! Момци, ова е ваша вечер. Честитки и со успех во квалификациите за Лигата на Шампиони!“, напишаа од РК Вардар 1961.















