И ФК Пелистер со реакција на скандалозните скандирања на прославата на ФК Вардар

252

Попладнево со реакција на скандалозните скандирања на ФК Вардар за време на прославата на титулата, се јави и ФК Пелистер. Во дописот до јавноста се вели:

„Најостро ги осудуваме навредливите и понижувачки пораки упатени кон жените од Битола за време на прославата на титулата на ФК Вардар, како и во т.н. извинување на нивниот прв човек. Фудбалот треба да обединува, да слави спортски дух и успех, а не да биде простор за ширење омраза, сексизам и навреди.

Ниту една прослава не смее да биде оправдување за деградирање на жените, навредување или ширење примитивизам. Ваквото однесување не е навивачка страст, туку срам за спортот и за општеството.
Почитта мора да биде над ривалството. Да навиваме со срце, но и со достоинство.“
ПретходноОлисе е „Играч на сезоната“ во Бундеслигата
СледноАлкалоид е шампион во пионерска конкуренција