ФФМ: Осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар

257

Фудбалската Федерација на Македонија предмалку со официјално соопштение ги осуди последните настани по повод прославата на титулата на ФК Вардар, и недоличното однесување на целокупниот екипаж. Содржината на социјалните мрежи преку кои целата јавност беше сведок на недоличното однесување и скандалозните пароли пренесени од ФК Вардар се за секаква осуда, на кои што секако се приклучува и Фудбалската Федерација на Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразува осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар при прославата на победата и обезбедувањето на титулата шампион на Македонија.

ФФМ отсекогаш апелирала и повикувала на достоинствен начин на однесување при победите и на понизност при поразите.

Особено е неприфатлива потребата да се повикуваат навредливи содржини и да се пее вулгарни и навредливи текстови при прославувањето на победата. Ваквото однесување е недолично без разлика кон кого е насочено, без разлика дали станува збор за јавни личности, за навивачи на другиот тим, за фудбалери или за кој било друг.

Ривалитетот меѓу екипите е посакуван и здрав само кога е достоинствен и исполнет со меѓусебна почит, а секаква форма на говор на омраза, навреди и неспортско однесување нема место во фудбалот.

ФФМ, како и во претходните ситуации кога беа казнувани екипите на ФК Тиквеш, ФК Осогово, ФК Вардар и други, ќе постапува согласно своите пропозиции и дисциплинските правилници.
По овој повод, Дисциплинскиот инспектор при ФФМ веднаш ќе отвори постапка против клубот во врска со последните случувања.

Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на промоција на фер-плејот и нема да дозволи ничие однесување да го наруши интегритетот на натпреварувањата.

Фудбалска федерација на Македонија

ПретходноМинистерот Борко Ристовски: Осуда за постапките на ФК Вардар, вакви појави повеќе да не се случуваат
СледноОпштина Битола за ФК Вардар: Спортот не е место за навреди и поделби