ТИМ И ИГРАЧ НА 32.КОЛО: Цветковиќ со шампионски гол за Вардар

76

И дефинитивно и официјално Вардар е шампион на Македонија за сезоната 2025/26. Завчера во Струга, нашиот најтрофеен клуб успеа да победи со 0:1, доволно беше и реми, па така стави печат на титулата. Шампионскиот гол беше дело на Стефан Цветковиќ уште во 5.минута, а тие 0:1 останаа до крајот на ова дерби.

Токму затоа интернационалецот од Србија е играч на ова 32.или претпоследно коло.

Покрај него во тимот на колото се неговите соиграчи Талески и Најдовски, како и Кабаркас (МЃП), Дардишта и Рамадани (Арсими), Ацковски (Тиквеш), Талаков (Работнички), Зејнулаи (Шкендија), Аворнио (Башкими) и М.Ивановски (Пелистер).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

СТЕФАН ЦВЕТКОВИЌ

Тим: Вардар

Роден: 12.01.1998 во Лесковац (Србија)

Кариера: Графичар, Ц.Звезда, Бачка, Чукарички, Металац, РФС, Раднички Ниш, Железничар Панчево, Вардар

ПретходноШај Гилџес – Александар повторно е МВП!(ФОТО)
СледноОд ЗНАМ удрија по Миленко: ПРИМИТИВЕЦ!!!(ФОТО)