ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)

68

Кога ќе се освои титулата и официјално, јасно е кој е тренер на колото. Според “СпортСпорт“ тренер на ова 32.коло е стратегот на Вардар, Гоце Седлоски. Неговиот тим дојде до победа во Струга, успеа да освои три бода кои беа сосема доволно да се стави печат на 12-та титула на нашиот најтрофеен клуб во самостојна Македонија или вкупно 13-тата.

Ова за Седлоски е четвртата титула во ПМФЛ, три со Вардар и една со Шкупи а има и две како директор на Вардар.

Со оваа титула Седлоски, кој заврши со Вардар и сега целосно се фокусира на работата кон А-репрезентацијата, е на второто место на листата на тренери со најмногу освоени титули.

За тоа што се случуваше на забавата по повод освојувањето на титулата нашиот медиум низ коментар се изјасни што мисли. Јасно е дека секој треба да си одговара за своите постапки.

Тука нема дилеми.

ПретходноБрентфорд само до бод со Кристал Палас, Сандерленд убедлив кај Евертон
СледноКуманово пулсираше во ритамот на Плазма Спортиски игри за млади: над 2.000 деца на „Денот на спортот“