Куманово пулсираше во ритамот на Плазма Спортиски игри за млади: над 2.000 деца на „Денот на спортот“

7

Куманово беше домаќин на вториот голем настан „Ден на спортот“, кој е дел од Плазма спортските игри за млади, што за првпат се одржуваат во Македонија.

Во спортската сала во Куманово присуствуваа повеќе од 2.000 дечиња. Од првите насмевки до последните прегратки, можеше да се почувствува посебна топлина и искрена детска радост.

Нашите СИМ-овци го исполнија теренот со радост, навивање и спортски дух – трчаа, навиваа, славеа и уживаа во секој момент.

Возбудата постојано растеше. Чувството беше уникатно да се видат младите ѕвезди како се натпреваруваат во атлетика (трчање на 60 метри), баскет 3х3, народна игра, Кока-Кола куп во машка и женска конкуренција, како и во мал фудбал за генерација 2015.

Искрените насмевки и новите пријателства се моменти кои ќе останат врежани во срцата на сите учесници.

Поттикнувањето на спортскиот начин на живот, инклузијата, толеранцијата и другарството кај децата и младите е мисија на најголемиот аматерски спортски настан во Европа. Плазма Спортските игри за млади, кои постојат веќе 30 години, овозможуваат бесплатен спорт за секое дете.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски истакна дека нема поубава глетка од младите дечиња кои сакаат да спортуваат.

„Прво би сакал да ѝ се заблагодарам на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, на Министерството за спорт, на Владата и секако на Плазма Спортските игри за млади. Куманово има чест да биде домаќин на овој голем спортски настан наменет за деца од основните училишта. Покрај Куманово, учествуваат и градови од регионот. Прекрасна глетка е да се видат млади ентузијасти, од кои еден дел во иднина ќе прераснат во професионални спортисти. Како град ќе продолжиме да вложуваме во развојот на спортот, не само во Куманово, туку и во целата држава, преку подобрување на условите за спортување и изградба на нови капацитети“, изјави Максим Димитриевски.

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска ги поздрави идните спортисти потенцирајќи дека Плазма Спортските игри за млади овозможуваат бесплатен спорт за секое дете.

„Што повеќе да се каже по ваквата атмосфера. Сакам да му се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски, кој го препозна овој проект, како и на министерот за спорт Борко Ристовски. Не случајно доаѓаме во Куманово, бидејќи ова е општина која силно го поддржува спортот, особено училишниот спорт. Плазма Спортските игри за млади имаат една цел – бесплатен спорт за сите деца. Ги поздравувам и останатите општини од околината: Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане и Ранковце.
На вас, деца, ви посакувам исполнет ден со многу насмевки и дружење, и да си заминете со убави спомени. Со најдобрите ќе се видиме во Сплит во август 2026 година“, рече претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска.

ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ

Coca Cola Cup 2011 (машка конкуренција – фудбал)

Царина на удар – Кратово

Coca Cola Cup 2011 (женска конкуренција – фудбал)

Речица – Куманово

Мал фудбал 2015 година и помлади

Волци Куманово

Кошарка 3×3 (машка конкуренција)

Кочо Рацин – Куманово

АТЛЕТИКА

60 метри/2015 годиште (женска конкуренција)

1 место: Ирина Славковска – Крсте Мисирков (Куманово)

2 место: Ева Стојановска – Илинден (Крива Паланка)

3 место: Марија Ѓорѓиевска – Јоаким Крчовски (Крива Паланка)

60 метри/ 2015 годиште (машка конкуренција)

1 место: Павел Петковски – Крсте Мисирков

2 место: Лука Лазаревски – Крсте Мисирков

3 место: Алексеј Спасовски – Крсте Мисирков

Tрчање 60 метри/2017 годиште (женска конкуренција)

1 место: Ања Дончевски – Браќа Миладиновци (Куманово)

2 место: Јана Христова – Кочо Рацин – (Кратово)

3 место: Ники Илиевска – Браќа Миладиновци (Куманово)

Трчање 60 метри/2017 годиште (машка конкуренција)

1 место: Наум Насковски – Браќа Миладиновци (Куманово)

2 место: Лука Лазаревски – Браќа Миладиновци (Куманово)

3 место: Матеј Симоновски – Кочо Рацин (Куманово)

Народна 2015 годиште  

– Браќа Миладиновци (Куманово)

Национална 2017 година

Јоаким Крчовски – Крива Паланка

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)
СледноДавор Талески: Титулата ја заслуживме, кај Гоце Седлоски дисциплината е војничка