Давор Талески: Титулата ја заслуживме, кај Гоце Седлоски дисциплината е војничка

93

Екипата на Вардар и официјално по овој викенд се закити со новата, во случајов 12. титула во независна Македонија. Со победата кај Струга Трим Лум на гости од 0:1, Вардар конечно стигна до целта, кон која што се стремеше цела сезона. Првото место не го испушти, и на крајот тоа е претворено во нова титула, и пласман во квалификациите за Лигата на Шампионите.

Вардар сезонава одигра на нивото кое што се очекува од него. Со многу малку примени голови, со најмногу дадени, со дефанзива која бепе компактна и офанзива која што знаеше што сака во завршницата.

Варадар прими само пет гола во пролетната полусезона. Тоа е податок кој што и тоа како кажува за она како „црвено – црните“ изгледаа на терен. Голманот Давор Талески е оној кој што го понесе најголемиот товар и кој што имаше огромна одговорност врз себе сиот овој период.

„Зад нас е една доста тешка сезона во која на крај заслужено ја освоивме титулата. Во текот на целата сезона бевме на тоа прво место и во ниту еден момент не помисливме да го испуштиме истото. Дека беше лесно секако дека не беше но тоа ја прави титулата послатка што се вели за нас“ – вели Талески за Спортспорт, па додава.

„Секако дека за мене ова е една од најдобрите сезони, ме радува фактот што имаме најмалку примени голови, но и најмногу постигнати, цел тим сме заслужни за тоа од прв до последен“ – дециден е чуварот на мрежата.

Во клучниот дуел одигран викендов, Талески во Струга имаше неколку супер интервенции кои и го зачуваа водството и кои впрочем и донесоа победа.

„Натпреварот со Струга бесе доста тежок од психолоски аспект, едно од најтешките гостувања и гледав да останам максимално фокусиран за да му помогнам на тимот во тие клучни моменти каде што одбранив неколку ситуации сто значеа титула“ – потенцира искусниот голман.

Конечно, Вардар сезонава, предводен од Гоце Седлоски и тоа како имаше императив на титула, што е и нормално затоа што ова е најголемиот клуб во Македонија.

„Клубот имаше јасна амбиција од почеток на сезоната, а тоа беше титулата.
Шефот Гоце Седлоски знае како се освојуваат титули и затоа буквално секој еден тренинг е како да си во војска. Нема опуштање ,во спротивно имаш проблем. Од првиот ден ни го наметна тој победнички менталитет и ние на секој натпревар влегувавме како да е финале. На крајот сето тоа ни се исплатеше“ – поентира Давор Талески.

ПретходноКуманово пулсираше во ритамот на Плазма Спортиски игри за млади: над 2.000 деца на „Денот на спортот“
СледноКаква глетка: „Море“ од црвено-жолти знамиња!