Маџари ќе мора без Грин во битката за титулата!(ФОТО)

47
ФОТО:.facebook.com/kkmadzar

Лоши вести за сите во таборот на КК Маџари, за дебинтот кој вечерва против МЗТ Скопје ја стартува финалната серија во битката за титулата. Имено Маџари ќе мора да игра без својот најдобар кошаркар, Џејвон Грин.

Секако дека без Грин тимот на Маџари ќе биде ослабен против шампионот кој ја брани круната, но сепак не смее да се потцени овој тим.

Овој натпревар денес е нешто за кое работевме напорно цела сезона. Да добиеме шанса да играме финале уште во првата година во Суперлигата е огромен успех за нас, но не сакаме да застанеме тука.

МЗТ е одличен тим и мора да излеземе со многу енергија, борба и карактер. Ќе ни треба и поддршката од нашата публика — сакам навивачите на Маџари да бидат гласни и да нè носат напред во текот на целиот натпревар!“  изјави Грин пред првиот вечерашен меч против МЗТ Скопје.

ПретходноБруно како Анри и Де Брујне: Спектаклот на “Олд Трафорд“ за Јунајтед! Каземиро се прости од фановите
СледноПетриќ успешно опериран!(ФОТО)