Како што информираат од страна на ГРК Охрид, Стефан Петриќ е успешно опериран на десното колено. Операцијата е извршена во Загреб и тој по истата добро се чувствува.
Се разбира дека охриѓани едвај чекаат Петриќ да закрепне од повредата и операцијата и да повторно биде дел од тимот на стратегот Борис Ројевиќ.
Познато е дека бекот Стефан Петриќ пред повредата беше еден од клучните играчи на финалистот во ЕХФ Европскиот Куп.










