РФМ го наградува пласманот на Мундијалот со премија од 1.500.000 денари

55

Машката македонска ракометна репрезентација се пласира на уште едно големо натпреварување. Мундијалот кој што ќе се одржи следната година во Германија.

Вечерва избраниците на селекторот Кирил Лазаров во преполната сала Борис Трајковски во Скопје, и во прекрасна атмосфера ја декласираа Словачка со конечни 38:23 и на најдобар можен начин го потврдија пласманот на Светското првенство.

Благодарение на тоа, раководството на РФМ, односно претседателот  Александар Стефанов по мечот објави дека националниот тим го чека премија од 1.500.000 денари за постигнатиот успех.

Противниците во групата Македонија ќе ги дознае на ждрепката која што ќе се одржи во Минхен на 10 јуни.

 

ПретходноМЗТ Скопје поведе во финалната серија против Маџари
СледноБарселона сепак е пресилна за Бетис