МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Маџари

49

Со конечни 84:77 тимот на МЗТ Скопје го победи тимот на Маџари во првиот меч од финалната серија од плеј офот во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Фаворитот на домашен терен сепак, ја оправда фаворитската улога и покрај обидот на Маџари да направи подвиг и да го совлада објективно поквалитетниот противник барем на хартија во моментов.

МЗТ не го започна сепак најдобро овој дуел и по првата делница губеше со 18:26. Сепак, веќе вториот дел донесе резултатски баланс, домаќинот истиот го доби со 27:14 по што нештата полека дојдоа на свое место.

По полувремето, МЗТ Скопје продолжи во ист ритам, ја доби третата четвртина со 24:21, за да предноста која што ја стекна, во последниот дел само ја одржи.

Најјефикасен играч во овој прв финален дуел беше Луис од Маџари кој што постигна 27 поени, а додаде и осум скока.  По него и неговиот соиграч Армстронг со 17 коша и исто толку скокови.

Маслинко најјефикасен кај домаќинот со 17 поени, додека Танасковиќ додаде свои два помалку.

Вториот дуел од оваа финална серија се игра исто така во салата Јане Сандански в среда.

 

Претходно„АДАСТРА“ МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Водно Санс е младински шампион!
СледноРФМ го наградува пласманот на Мундијалот со премија од 1.500.000 денари