Синер е освојувач на Мастерсот во Рим

21

Јаник Синер, покрај тоа што во моментов е рекет број еден оствари уште еден сериозен резултат во моментов.

Италијанецот е првиот домашен тенисер по децении кој што го освоил Мастерс турнирот во Рим. Синер во финалето беше подобар од норвежанецот Каспер Руд со 2:0 (6:4, 6:4) во меч кој што траеше нешто повеќе од час и половина.

Синер на овој начин ја оствари 34. победа во серија на Мастерс турнирите, и е само вториот тенисер кој што остварил победи на сите девет турнири од ваков тип. Претходно тоа му појде од рака само на единствениот Новак Ѓоковиќ.

Синер во Рим ја освои десеттата Мастерс титула.

ПретходноДимитријевиќ солиден во новата победа на Баерн
СледноЊукасл го турна Вест Хем кон втора лига