Со конелни 101:80, тимот на Баерн Минхен во рамките од четвртфиналето од плеј офот на шампионатот на Германија, беше подобар од екипата на Трир.
За нас секако повеќе не интересира учинокот на македонскиот интернационалец и репрезентативец, Ненад Димитријевиќ кој што постигна 13 поени, а додаде и седум асистенции и пет скока. Димитријевиќ е еден од најдобро оценетите играчи во својот тим на овој меч.
Домаќинот само во првата делница имаше негатива од шест поени, а потоа нештата ги презема во свои раце и ги доби останатите три четвртини.
Ова беше прв меч од ово дуел помеѓу Баерн и Трир, а истиот се игра во две добиени.










