Во овој момент македонската ракометна репрезентација го игра вториот бараж меч против Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година. Македонија веќе може да ја ставиме во списокот на патници за Мундијлот бидејќи доминира уште на стартот, а кога ќе се додадат седумте гола позитива од првиот меч, тогаш веќе нема дилеми.
Салата „Борис Трајковски“ е исполенат до последното место. А за време на интонирањето на македонската химна следеше величенствен момент, салата беше обоена со црвено-жолти знамиња.
Ова е пораката која треба да биде испратена кога станува збор за спортот – обединети. Спортот е најмноќното оружје кое ги сплотува сите. Тука нема поделби…










