И дефинитивно и официјално Вардар е шампион на Македонија за сезоната 2025/26. Завчера во Струга, нашиот најтрофеен клуб успеа да победи со 0:1, доволно беше и реми, па така стави печат на титулата. Шампионскиот гол беше дело на Стефан Цветковиќ уште во 5.минута, а тие 0:1 останаа до крајот на ова дерби.
Токму затоа интернационалецот од Србија е играч на ова 32.или претпоследно коло.
Покрај него во тимот на колото се неговите соиграчи Талески и Најдовски, како и Кабаркас (МЃП), Дардишта и Рамадани (Арсими), Ацковски (Тиквеш), Талаков (Работнички), Зејнулаи (Шкендија), Аворнио (Башкими) и М.Ивановски (Пелистер).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
СТЕФАН ЦВЕТКОВИЌ
Тим: Вардар
Роден: 12.01.1998 во Лесковац (Србија)
Кариера: Графичар, Ц.Звезда, Бачка, Чукарички, Металац, РФС, Раднички Ниш, Железничар Панчево, Вардар















