Втора година по ред: Шеј е МВП на сезоната во НБА лигата

66

Втора година по ред, наградата за најкорисен играч во регуларната сезона на НБА лигата оди кај Шеј Гилџес-Александер. Плејмејкерот на Оклахома Сити стана 18-тиот играч во историјата на најсилната лига во светот со најмалку два трофеи за најкорисен играч (MVP) и 14-тиот што ги освојува две години по ред.

Гилџес-Александер има просек од 31,1 поен, 6,6 асистенции, 4,3 скока и 1,4 украдени топки по натпревар во 68 натпревари оваа сезона. Неговата рекордна серија од натпревари со најмалку 20 поени се прошири на 140.

Канадскиот интернационалец ја продолжи долгогодишната традиција, бидејќи по осмипат по ред играч роден надвор од САД беше прогласен за најкорисен играч во НБА. Серијата започна со Јанис Адетокумбо во 2019 и 2020 година, а потоа следеа Никола Јокиќ (2021, 2022, 2024), Џоел Ембид (2023) и Гилџес-Александер (2025, 2026).

Последниот Американец кој ја доби наградата за најкорисен играч (MVP) беше Џејмс Харден во 2018 година, тогашен член на Хјустон Рокетс.

ПретходноДебакл на Детроит, Кливленд е во финалето на Истокот (ВИДЕО)
СледноНиколов: Заслужено сме на Светско, покажавме победнички менталитет