Игор Стојчевски ќе го суди Куп финалето помеѓу Силекс и Шкендија

93

Предмалку, од Фудбалската Федерација на Македонија го објавија главниот арбитар, како и неговите помошници за претстојното Куп финале кое што е закажано за утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, а во кое што ќе се сретнат екипите на Силекс и Шкендија.

За главен судија е поставен интернационалниот наш арбитар Игор Стојчевски. Нему ќе му помагаат, Тоше Ицев односно Вјолца Изаири.

Четврти судија на финалниот натпревар ќе биде Бењамин Керими.

Александар Грујоски е назначен за ВАР судија, а АВАР судија ќе биде Гоце Петрески.

ПретходноМареска има усмен договор со Манчестер Сити
СледноНејмар заплака при објавата дека оди на Мундијалот (ВИДЕО)