Предмалку, од Фудбалската Федерација на Македонија го објавија главниот арбитар, како и неговите помошници за претстојното Куп финале кое што е закажано за утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, а во кое што ќе се сретнат екипите на Силекс и Шкендија.
За главен судија е поставен интернационалниот наш арбитар Игор Стојчевски. Нему ќе му помагаат, Тоше Ицев односно Вјолца Изаири.
Четврти судија на финалниот натпревар ќе биде Бењамин Керими.










