Кога сме кај финалистите во Купот на Македонија за оваа сезона, да потсетиме дека ова и за Силекс и за Шкендија ќе биде по шесто финале.
Подобар скор имаат кратовци со три победи и два порази, додека тетовци имаат две победи и три порази.
Кога сме кај Силекс и Шкендија ова беше нивниот пат до финалето.
Во 1.коло или 1/16 финалето, Силекс како гостин славеше кај Евротип, а Шкендија беше подобра од Јени Мале исто на гости.
Во следната фаза Силекс го победи Башкими како гостин со 1:2, додека Шкендија дома славеше против Тиквеш со 2:0.
Во 1/4 финалето Силекс кај Детонит беше убедлив со 0:3, додека Шкендија во Струга по подобро изведување на пенали се пласира во полуфиналето.
А таму, се играа по два меча, Силекс со 1:1 и 1:0 беше подобар од Охрид, додека Шкендија со 3:2 и 2:0 ја совлада Шкендија Арачиново. Останува да видиме вечерва некаде после 20 часот кој ќе се радува, Силекс или Шкендија?










