На Беќири му истекува договорот со Шкендија, ама големи се шансите да остане!

148

Во пресрет на вечерашното финале во Купот на Македонија, од Тетово веста дека Јетон Беќири нема веќе да биде стратег на Шкендија. Поточно дека по завршување на финалето тој нема да биде шеф на струката на клубот од Тетово.

Сепак…

Како што велат нашите информации, и Беќири и Шкендија, со со мислите кон вечерашното финале, а за тоа дали останува или не, ќе се види после мечот со Вардар во сабота.

Не е тајна дека нему му истекува договорот со Шкендија и во текот на наредната недела ќе се види дали останува или не, иако нашите информации велат дека нема ништо чудно да биде тој и да ја продолжи соработката со тетовските “црвено – црни“ кои вечерва очекуваат освојување на Купот на Македонија.

ПретходноБруно Фернандеш е играч на годината во Премиер лигата според новинарската фела
СледноУЕФА направи промени во Лига Нации и во квалификациите за ЕП!