Сега и Атлетико Мадрид тргнува по Бернардо Силва!

56
ФОТО:.facebook.com/mancity/

Бернардо Силва и официјално, по завршување на сезоната, си заминува од Манчестер Сити, но сеуште неговиот клуб не се знае. Без оглед на фактот дека со текот на времето листата на европски гиганти станува сè подолга, шпанска „Марка“ објави дека во трката се вклучил и мадридски Атлетико.
Во претходните денови можеше да се чуе дека, покрај Барселона и Реал Мадрид го мерка фудбалерот кој ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, по девет години.
А таму каде што се двата најголеми шпански клуба, тука секако дека и Атлетико, кој по заминувањето на Антоан Гризман во Орландо има шанса да добие нов лидер во тимот со доведувањето на Силва.
Истиот извор додава дека нема да му биде лесно на Атлетико да го донесе еден од поискусните играчи во португалската репрезентација следното лето на Светското првенство, бидејќи покрај шпанските клубови, шанса бараат и Милан, Јувентус и Челзи.
Со оглед на тоа што Силва има 32 години, јасно е дека ова лето би можело да му го понуди последниот голем договор во неговата кариера, па затоа нема многу простор за грешка, имајќи предвид дека околностите во европскиот фудбал постојано се менуваат.

ПретходноНикаква почит кон државата: Навивачите на Шкендија седејќи ја исвиркаа химната на Македонија! (ВИДЕО)
СледноРеванш со „камата“: Пелистер ги спушти на земја охриѓани