МЗТ Скопје се најде на победа до титулата. Актуелниот првак го доби и вториот финален натпревар против дебитантот Маџари славеше со 81-76. Овој меч не беше најдобар за гледање, бидејќи повеќе доминираа технички и намерни грешки отколку основата на овој спорт.
Судиите следствено на она што беше сервирано на теренот беа принудени да прават прекини, а незадоволство имаше и од страна на двата тима од делителите на правдата во одредени моменти. Тодоровиќ не го дочека крајот поради трите технички за клупата, исклучувачка доби и Тасевски. Па Маџари финишот го дочека без тренери.
МЗТ Скопје ја имаше контролата на мечот, гостите имаа водство само на стартот (0-2, 3-5 и 6-7), по што домаќинот го наметна своето темпо, после првата четвртина резултатот беше 23-17. Во следните 10 минути гледавме доминација на МЗТ Скопје, кој пред првото полувреме поведе со плус 18 (47-29). Во третата четвртина која траеше цела вечност поради честите прекини, Маџари успеа да дојде на минус девет (60-51).
Гостите на три минут до крајот успеаја да создадат немири во редовите на МЗТ Скопје и да дојдат на минус седум негатива (76-69). Војдан не само што успеа да изнуди две слободни фрлања, судиите досудија нова техничка грешка за Маџари, коj прво остана без тренерот, Тодоровиќ – автоматски доби исклучувачка. Веднаш по него исклучувачка доби и неговиот помошник Тасевски.
Но, сето ова ги мотивираше гостите, дојдоа на минус три 79-76, благодарение на серијата од 7-1. Димчевски не успеа да погоди тројка за израмнување. На крајот МЗТ успеа да слави.
Серијата се сели на теренот на Маџари.










