Васоски: Заслужено го подигаме пехарот од Купот на Македонија

253

Екипата на Силекс е освојувач на овогодинешното издание на Купот на Македонија. Кратовци во финалето кое што вечерва се одигра на Арената Тодор Проески во Скопје ја совладаа Шкендија со конечни 1:0 со голот на Ади Алиќ во вториот дел.

Ова е четврта Куп титула за екипата од Кратово, која што уште еднаш покажа дека е еден од најквалитетните состави во домашниот шампионат.

„Не, ова не е најдобриот меч на Силекс. Одигравме тактички мудро, трпеливо. Додев со умисла беше поставен на левата страна. Ете се случи токму тоа, да таа наша одлука да влијае многу врз овој меч. Токму по таа страна го постигнавме голот. Им честитам на момците. Мислам дека заслужено победивме. Имавме своја стратегија како да додјеме до трофејот. Успеавме во тоа. Свесно дозволивме релативна иницијатива на противникот. Планиравме да нападнеме во последниот дел од мечот. Се поклопија што се вели коцките. Уште еднаш им честитам на моите играчи. Заслужено го подигаме трофејот.“  –

ПретходноФудбалерите на Силекс упаднаа на пресот на Васоски (ВИДЕО)
СледноФФМ: Шкендија ќе биде најстрого казнета за она што се случи на Куп финалето вечерва