ЛЕ Полувреме: Астон Вила два чекори до големиот пехар од Лигата на Европа

60
фото: El Chiringuito TV (X)

Фудбалерите на Астон Вила имаат предност од 2:0 по првите 45 минути во големото финале на Лигата на Европа. Вечерва во Истанбул во битката за првиот европски трофеј, англискиот тим со еден прекрасен гол на Јури Тилеманс во 41. минута дојде до предност од 1:0 на дуелот со германски Фрајбург, реализирајќи прв голем чекор кон шампионскиот трофеј.

И двата тима во ова прво полувреме покажаа дека се подготвени за отворена битка, но и покрај неколкуте добри прилики, до 41. минута не видовме гол. И тогаш следуваше еден неверојатен волеј на белгискиот репрезентативец, која ја затресе мрежата на Атуболу и ги носи Англичаните со предност на паузата. До полувреме Англичаните и вторпат стрелаа, овој пат преку Буендиа за високи 2:0 и отворен пат кон европскиот трофеј.

 

ПретходноХал бара да биде директно промовиран во Премиерлигата!
СледноКуп финале 2026: Силекс ја “реши“ Шкендија и го освои пехарот, ќе игра и во Европа! (ВИДЕО)